Мектоминеј: Уште се привикнуваме на работата на Тен Хаг

Еден од стрелците за Манчестер Јунајтед во победата над Мелбурн Виктори со 4-1, Скот Мектоминеј, рече дека тој и неговите соиграчи се прилагодуваат на стилот на работа на новиот менаџер Ерик тен Хаг.

„Сè уште учиме и се прилагодуваме на начинот на кој тој сака да правиме се на теренот“, изјави Мектоминеј, кој го постигна првиот гол за Манчестер Јунајтед на пријателскиот натпревар на австралиско тло.

„Сите момци се среќни и ние тренираме навистина напорно, а добар настап доаѓа со многу работа, радост е да се игра за Манчестер Јунајтед, а исто така и со новиот менаџер“, додаде 27-годишниот фудбалер.