Меси: Ме повредија коментарите на Лапорта

Лионел Меси даде интервју во кое зборуваше за неговото заминување од Барселона и коментарите на претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, дека можеше да остане на „Ноу Камп“ доколку решеше да игра бесплатно.

„ Направив се што можев за да останам во Барса. Во ниту еден момент не беше побарано од мене да играм бесплатно. 

Од клубот ме замолија да ја намалам платата за 50 проценти и јас се согласив на тоа без никакви проблеми. Бев подготвен да му помогнам на клубот. Моја и желба на моето семејство беше да останам во Барселона. 

Никој не ме замоли ниту побара од мене да играм бесплатно, и мислам дека она што го кажа претседателот Лапорта беше несоодветно. 

Неговите коментари ме повредија бидејќи мислам дека немаше потреба да го каже тоа. Тоа само создава шпекулации и ги тера луѓето да размислуваат за работи што мислам дека не ги заслужувам“, изјави Меси за шпанскиот магазин „Спорт“.