МЗТ Скопје се засили со американскиот центар Еван Максвел

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје објави дека потпиша договор со американскиот центар Еван Максвел.

27-годишниот Максвел со скопскиот тим потпиша едногодишен договор, а пристигна од украинскиот клуб Запорожје.

 Се работи за центар кој веќе три сезони игра во европската кошарка, а во екипата на Запорожје имаше просек од 11 поени и 6,7 скокови на 24 натпревари.