Милан пред договор со Челзи за Оливие Жиру

Милан е блиску до комплетирање на трансферот на Оливие Жиру.

Французинот ќе потпише двегодишен договор со Милан и годишно ќе заработува 3,5 милиони евра. Жиру од поодамна постигна договор со „росонерите“, но Челзи ја искористи опцијата за продолжување на договорот на уште една година, па не можеше да се пресели на „Сан Сиро“ како слободен агент.

Последните информации се дека Милан и Челзи постигнале договор и во наредните денови Жиру ќе го комплетира трансферот.

„Росонерите“ на Челзи ќе му платат симболична сума преку разни бонуси.