Милан се вклучува во битката за ангажман на Николо Заниоло

Раководството на Милан веќе размислува за евентуалните засилувања на тимот во летниот период.

Главните оперативци на клубот, Малдини и Масара ќе се обидат да ја доведат младата ѕвезда на Рома, Николо Заниоло.

Од Милан припремаат понуда во висина од 40 милиони евра, но ги очекува голема конкуренција од екипите на Тотенхем и Јувентус, кои исто така се спремни за трансфер на италијанскиот репрезентативец.

Заниоло оваа сезона во сите натпреварувања досега постигна 4 гола и оствари 5 асистенции.