Мила Рељиќ третопласирана на Отвореното светско првенство во таеквандо

Таеквондистката, Милијана Рељиќ, на Отвореното Светско првенство Г-4 во Таијуан, Кина, освои бронзен медал.

Во категоријата -62кг каде имаше 43 натпреварувачки, Милијана во првото коло издвојува победа над домаќинката Јијао Санг со 2:0 во рунди, во следното коло беше поуспешна од Узбекистанката ,Мохидил Уктамјонова со 2:1. Во борбата за медал, Мила беше поуспешна од претставничката од Тајпеј, Чиа Веи Ванг исто така со 2:1 во рунди.

Мила освои 14,4 поени што ќе ја однесат во првите 16 на Олимписката ранкинг листа за норма за Игрите во Лос Анџелес

Share.
Facebook