Миовски пак стрелец за МТК во унгарското првенство

Македонскиот фудбалски интернационалец и репрезентатиец Бојан Миовски имаше уште еден одличен настап во дресот на својата екипа МТК Будимпешта.

Миовски влезе во игра на стартот на второто полувреме кога неговата екипа имаше негатива од 2-0, а неколку минути беа и во негатива од 3-0. Веднаш потоа на сцена стапи нашиот Миовски кој најнапред постигна гол во 61. минута , но му беше поништен по интервенција на ВАР за настан што се случи на сосема друг дел од теренот.

Во 69-та минута Миовски изнуди пенал кој беше реализиран, а самиот тој се запиша во листата на стрелците во 75-та минута. Сепак тоа не беше доволно неговата екипа да избегне пораз од 3-2 на гостувањето кај Пакс.