Митевска елиминирана на стартот на Медитеранските игри

Најмладата македонска натпреварувачка на Медитеранските Игри во Таранто, 16-годишната Сара Митевска го заврши настапот на тенискиот турнир, откако денеска беше поразена од фаворитката и четврта носителка Марта Матула од Грција со 2-0 во сетови.
Ривалката двата сета ги доби со 6:0 и 6:4 во гемови, а за Митевска, која е Били Џин Кинг куп репрезентативка на Македонија, настапот на Игрите во Таранто беше големо искуство.
На тенискиот турнир покрај Митевска настапи и Кристијан Јанев, а двајцата имаа и настап во мешани двојки.