Моизе Кин потпиша за Комо, Фабрегас го доби посакуваниот напаѓач

Комо го официјализираше трансферот на Мојзе Кин од Фиорентина. Италијанскиот напаѓач во новиот клуб пристигнува на позајмица, но договорот вклучува и задолжителен откуп на неговиот договор.
За позајмицата Комо ќе плати 10 милиони евра, додека на крајот од сезоната ќе мора да плати дополнителни 25 милиони евра за целосниот трансфер. Во договорот се вклучени и можни бонуси во висина од уште пет милиони евра.
Кин има 26 години, а во кариерата настапуваше за Јувентус, Евертон, ПСЖ и Фиорентина. Во Фиорентина се врати во 2024 година и минатата сезона постигна осум голови на 26 натпревари во Серија А, на кои додаде и една асистенција.
За Комо ова е значајно засилување во нападот, особено имајќи предвид дека клубот за првпат ќе настапува во главната фаза од Лигата на шампионите.
Кин, кој има и репрезентативно искуство со Италија, сега ќе има нов предизвик во кариерата под водство на тренерот Сеск Фабрегас.