Мората ќе потпише за шпански второлигаш

Алваро Мората би можел да направи еден од најнеочекуваните потези во својата кариера. Шпанскиот напаѓач е блиску до приклучување кон Леганес, клуб кој се натпреварува во втората лига на шпанскиот фудбал.
Станува збор за позајмица од Комо, а клубовите сè уште треба да се договорат за последните детали од договорот.
Мората пристигна во Комо минатата сезона, но не успеа да го пронајде вистинскиот ритам. Во Серија А, тој не постигна ниту еден гол и одигра 26 натпревари вкупно 924 минути.
За 33-годишниот напаѓач, кој играше за Реал Мадрид, Јувентус, Челзи, Атлетико Мадрид и Милан во текот на својата кариера, преселбата во втората лига на шпанскиот фудбал би била сосема поинаков предизвик.