Мухова и Меншик победија во мешани двојки на УС опен

Каролина Мухова и Јакуб Меншик ја освоија титулата во мешани двојки на Отвореното првенство на САД и поделија награда од еден милион долари.
Во финалето, чешкиот тандем ги победи Белинда Бенчиќ и Флавијо Коболи со 6-3, 1-6, 10-6, а Меншик стави крај на мечот со ас со брзина од 211 километри на час на третата шампионска топка.
Патот до трофејот беше уште подраматичен во полуфиналето. Мухова и Меншик спасија две меч топки против Мира Андреева и Андреј Рубљов, пред да победат со 5-4 (8-6), 3-5, 11-9.
За двајцата, ова е прва Гренд слем титула во нивните кариери. Особено интересно е што 20-годишниот Меншик никогаш не играл мешани двојки пред овој турнир, но неговиот моќен сервис се покажа како огромно оружје.
„Веројатно најважно не е само тоа што ја освоивме титулата, туку и тоа што одигравме навистина одлични натпревари. Добро е што пробавме многу работи на теренот. Ова ви дава дополнителна самодоверба“, рече Меншик.