Навивачите на Рома кон Ибрахимовиќ – „Ти си циган“

Клубот од Рим најверојатно ќе биде казнет од фудбалска федерација на Италија за расистичкото однесување на нивните навивачи за време на натпреварот на Олимпико против Милан, кој заврши со победа на гостите од 1:2.

Стрелец на првиот гол за Милан беше Златан Ибрахимовиќ, на кого после постигнувањето на голот навивачите на Рома му скандираја „Ти си циган“. После овие навредливи скандирања, Ибрахимовиќ во ироничен стил побара од навивачите на Рома да викаат погласно. 

После натпреварот Ибрахимовиќ даде изјава во свој стил во која вели: „Што се однесува до навредите од навивачите на Рома, тие воопшто не ми сметаат, напротив колку повеќе викаат, толку појако се чувствувам и ме полнат со адреналин“.