Надминати очекувањата од крводарителската акција на Евротип, Голд Слот и Голд Фелициа!

Спортските обложувалници Евротип, Голд Слот и Голд Фелициа успешно ја спроведоа четвртата по ред крводарителска акција, на која се одзваа вработените во овие компании. Очекувањата за успешност на оваа акција беа надминати, откако по најавите за собирање на 27 крвни единици, се собраа 33, наведува организаторот.

Покрај вработените во Евротип, Голд Слот и Голд Фелициа, во крводарителската акција учество зедоа и други компании како СН Осигурителен Брокер, СН Финансии и ЈК Травел.

„Искрено сме воодушевени од одзивот на четвртата по ред крводарителска акција. Вклучувајќи ја и оваа, досега вкупно се дарувани над 100 крвни единици, што за нас претставува исклучителен успех. Продолжуваме и понатаму со организација на акции од ваков карактер, а по вклучувањето и на други компании, се надеваме дека истото ќе се случи и со останатите од градот и пошироко.“ – вели Елена Трајчевска, организатор на акцијата.

Акцијата беше спроведена почитувајќи ги сите мерки и протоколи за заштита од КОВИД-19, а од општинската организација на Црвен Крст – Битола изразија благодарност до сите кои учествуваа, како и до организаторите за нивната мотивација да организираат вакви акции.