Национален празник во Албанија за финалето на Конференциската лига

Албанската влада прогласи национален празник следната среда, кога во Тирана ќе се игра финалето на Лигата на конференциите меѓу Рома и Феенорд.

„Главниот град ќе биде пешачка зона како дел од мерките за најпримерно да се организира еден од најголемите настани во Албанија“, изјави албанскиот министер за внатрешни работи, Бледи Чучи.

На натпреварот се очекува да присуствуваат до 100.000 италијански и холандски навивачи. Секој клуб доби по 4.000 влезници за финалето на третото европско клупско натпреварување.

Капацитетот на Националната арена во Тирана е 20.000 седишта.

„Ги преземаме сите мерки да го направиме денот празник за сите, не само за италијанските и холандските навивачи“, додаде Чучи