Најдобриот млад Грузиец на мета на германски и италијански клубови

Хвича Кварацхелија, репрезентативец на Грузија, е на радарот на неколку европски гиганти.

Грузиецот го сврте вниманието кон себе со добрите настапи не само во националниот тим, туку и во дресот на Рубин Казан. Борусија Дортмунд подолго време го следи крилниот напаѓач, а сега во трката за неговиот потпис се приклучија Милан и Јувентус.

Агентот на Кварацхелија веќе имал средба со споменатите клубови, па сега останува да видиме каков избор ќе направи грузискиот талент.