Нејмар ќе го скокне дуелот на ПСЖ против РБ Лајпциг

ПСЖ нема да може да го користи Нејмар на претстојниот натпревар од Лигата на шампионите против РБ Лајпциг во вторник.

Напаѓачот се жали на болки во препоните, кои ги заработи за време на квалификациите на Бразил за Светското првенство. Бразилецот исто така, го пропушти натпреварот со Анже во петокот од редовното коло на Лига 1.

„Во наредните денови, Нејмар ќе продолжи да се лекува, по што ќе може да продолжи со целосните тренинзи“, изјавија од ПСЖ и покрај фактот што денес се приклучи на тимот.

„Здравјето на нашите играчи е пред се. Ова е мал проблем и се надевам дека ќе закрепне за неколку дена”, изјави тренерот Маурисио Почетино.