Никола Ѓуретиновиќ единствен македонски пливач на Европското првенство во Париз

Париз ќе биде домаќин на најдобрите пливачи во Европа.
Македонија ќе биде претставувана само од еден натпреварувач. 17 годишниот олимпиец Никола Ѓуретановиќ ќе ги брани боите на нашата земја.
Тој е пријавен во две трки во дисциплината слободен стил.
Според пријавната листа, првиот настап Никола ќе го има во четврток (13 август) во квалификациите на 200 метри, чиј почеток е закажан за 9.30 часот.
Во истиот термин (9.30 ч.) во недела (16 август), е закажан почетокот на квалификациите на 400 метри слободно.
Целта на Ѓуретановиќ е да ги исплива своите најдобри времиња.