Николов ќе го продолжи договорот со Лече

Лече беше блиску и играше плеј-оф, но не успеа да се врати во Серија А, но и покрај тоа што остана второлигаш извесно е дека овој клуб ќе ја продолжи соработката со македонскиот играч од средниот ред, Бобан Николов.

Николов во Италија пристигна ова зимо од МОЛ Фехевар, договорот му истекувал на 30 јуни, но во истиот имало опција за продолжување на соработката на три години. Според информациите на „Газета дело Спорт“, Лече не бил најзадоволен од учиникот на Николов во изминатиот период, но сепак ќе му го продолжи договорот.

Како што се наведува, Лече одлучил да му даде втора шанса на Николов најмногу затоа што нашиот репрезентативец го очекува Европското првенство каде што секако ако одигра добро цената може да му порасне.

Најавите се дека новиот договор со Николов Лече ќе го продолжи пред почетокот на Европското првенство затоа што не сака да ризикува и да го чека 30 јуни.