Ник Вајлер-Баб потпиша за Црвена Звезда

Црвена Звезда го потврди трансферот на кошаркарот, Ник Вајлер-Баб кој дојде од турскиот состав Анадолу Ефес.

Белграѓани во објавата истакнаа дека неколку тимови од Евролигата го барале бекот но, тој изразил желба да игра за српскиот гигант. Вајлер-Баб во изминатата сезона имаше просек 7,7 поени, 4,8 асистенции и 3,4 скока во 37 натпревари во Евролигата.

Тој е шесттото летно засилувањ за „црвено-белите“ кои ги купија : Крис Џонс, Џонатан Мотли, Дејвид Кремер, Патрик Болдвин и Воин Медаревиќ.