Нкунку на трансфер-листа, Французинот заминува од Милан

Фудбалерот, Кристофер Нкунку, може да биде ставен на трансфер-листата на Милан заедно со Фикајо Томори, Давид Одогу, Первис Еступињан, Филипо Терачано, Јусуф Фофана и Сантијаго Хименез.

Тој пристигна во Италија во изминатото лето од екипата на Челзи за 37 милиони евра но, не ги оправда очекувањата на челниците на тимот.

Французинот во 37 настапи за „росонерите“ во сите конкуренции постигна осум голови и запиша три асистенции.