Новак Џоковиќ избран за најдобар европски спортист

Тенисерот  број 1 во светот, Новак Џоковиќ, е избран за најдобар спортист во Европа.

Изборот го вршат 64 новински агенции од Европа, а е организиран од Полската национална агенција.

За Џоковиќ ова е четврт пат како го добива престижното признание. Претходно тој беше победник на изборот во 2011, 2015 и 2018 година. 

Тој наградата ја доби со 172 поени, а зад него на листата се најдоа Роберт Левандовски со 133 поени и Ф1 шампионот, Макс Ферстапен со 125 поени.