Нова крводарителска акција на КС групација под мотото “Дарувај крв – Спаси живот”

Евротип, Голд Слот, Голд Фелиција, КС Сервис, Премиум Сефти Солушн како општествено одговорни компании ги негуваат хуманитарните вредности во чиј дух денес ја спроведија 11та по ред крводарителска акција на која се приклучија и вработените од ЈК Травел, Минт Финтек Груп и СН Финансии.

 Во канцелариите на Евротип се одржа крводарителската акција на која беа собрани 40 крвни единици. Според бројот на собрани единици оваа акција е најмасовната од досегашните акции. Акцијата наиде на голем одзив помеѓу вработените на КС групацијата.

На оваа акција покрај вработените од Битола, течност која живот значи даруваа и вработени од градовите Ресен, Прилеп и Охрид.

Организаторите на оваа акција сакаат преку личен пример да ги поттикнат и другите компании во Македонија да се охрабрат и да организираат крводарителски акции бидејќи преку ваков тип на акции не само што ја докажуваме нашата хуманост туку и даруваме “можност” за продолжување на нечиј живот.