Обелоденет дебитантскиот тим на сезоната во НБА лигата

НБА лигата ги избра првиот и вториот тим на најдобри дебитанти за сезоната.

Во првиот тим се Скоти Барнс (Торонто), Кејд Канингем (Детроит), Еван Мобли (Кливленд), Франц Вагнер (Орландо) и Џејлен Грин (Хјустон).

Во вториот тим се: Херберт Џонс (Њу Орлеанс), Џош Гиди (Оклахома Сити), Боунс Хајленд (Денвер), Ајо Досунму (Чикаго) и Крис Дуарте (Оклахома Сити).

За првиот тим едногласно беа избрани бекот на Торонто Репторс, Барнс, бекот на Детроит Пистонс, Канингем и крилото на Кливленд Кавалирс, Мобли.

Сите тројца играчи добија гласови за првиот тим на НБА на сите 100 гласачки ливчиња на глобалниот панел на спортски новинари и коментатори (по 200 поени).