Одредени пет кандидати за наградата „Пјотр Нуровски“

Пет кандидати се номинирани за наградата за најдобар млад спортист

„Пјотр Нуровски“, што ја доделува Европскиот олимписки комитет. За најдобар млад спортист во Европа за 2022 година конкурираат Ангелина Топиќ (атлетика – Србија), Дарија Атманов (гимнастика – Израел), Софија Далиду (веслање – Грција), Андреа Спендолини Сириекс (скокови во вода – Велика Британија) и Филипо Бертони (пливање – Италија).

Најдобриот млад спортист го избираат претставници на сите национални олимписки комитети од Европа. Наградата за најдобар млад спортист во Европа, „Пјотр Нуровски“ се доделува од 2010 година, кога беше востановена и именувана по трагично загинатиот претседател на Олимпискиот комитет на Полска, кој го загуби животот во авионска несреќа.