Озил се повреди, го чека тримесечна пауза

Играчот од средниот ред на турскиот Истанбул Башакшехир, Месут Озил ќе пропушти околу три месеци поради операција, објавија од неговиот клуб.

„За нас е големо задоволство што имаме играч како Озил на располагање. Сепак, Месут веќе подолго време има проблеми со грбот. Поради оваа причина, оваа сезона тој помина само 10-15 минути на теренот. Донесена е одлука да се изврши операција за решавање на проблемот. Месут нема да ни помогне околу три месеци по интервенцијата. И тогаш мислам дека ќе даде голем придонес за нашите победи. Озил е наша гордост“, изјави оретседателот на клубот Гумушдаг за весникот „Фанатик“.

Всушност, Месут Озил оваа сезона одигра 21 минута. Озил се пресели во Истанбул Башакшехир на 14 јули. Претходно беше играч на Фенербахче, клуб во кој минатата сезона  одигра 26 натпревари во сите натпреварувања, постигна девет гола и две асистенции.