Оле Воткинс претставен во Ал Хилал

Англискиот репрезентативец Оле Воткинс кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија, откако официјално ja напушти Астон Вила и потпиша за Ал Хилал.

Трансферот вреди 60,4 милиони евра, со што саудискиот клуб доби уште едно големо засилување во нападот.

Воткинс потпиша тригодишен договор со Ал Хилал и по шест години го напушта клубот од Бирмингем.

Во дресот на Вила постигна 91 гол во Премиер-лигата, што го прави најдобар стрелец во историјата на клубот во елитното англиско натпреварување.

Воткинс запиша 108 погодоци во сите натпреварувања за Астон Вила.