Оливие Сар потпиша за Реал Мадрид

Францускиот кошаркар Оливие Сар е нов играч на Реал Мадрид, откако потпиша двегодишен договор со шпанскиот клуб.
Сар минатата сезона настапуваше за Кливленд Кавалирс во НБА лигата, каде што просечно постигнуваше 3,5 поени и 2,8 скока.
Во Развојната лига имаше просек од 13,7 поени и 7,3 скока.
Кариерата ја започна на Универзитетот Вејк Форест, а настапуваше и за Кентаки и Оклахома. Реал Мадрид новата сезона во Евролигата ќе ја започне на 24 септември, со гостување кај Дубаи.
Поврзани теми