Орландо Меџик купи нов центар

Екипата на Орландо Меџик која настапува во НБА лигата, како слободен агент во своите редови го доведе Џеремаја Тилмон.

Џеремаја кој настапува на центарската позиција, по напуштањето на колеџот во Мисури, не беше драфтуван од ниту една НБА екипа.

Во американската колеџ лига на 24 натпревари тој имаше просек од 12,4 поени и 7,3 скокови. Тилмон одигра еден натпревар за Орландо во НБА летната лига во Лас Вегас и постигна три поени и освоени три скока.

https://twitter.com/Magic_PR/status/1446213349759455232? s=20