Осимен има две понуди каде ќе ја продолжи кариерата

Фудбалерот на Галатасарај, Виктор Осимен, има две атрактивни понуди да ја промени средината.
За него е заинтересиран Саудискиот гигант, Ал-Хилал кој стапил во контакт со турскиот тим за да ги дознае условите под кои би можел да го ангажира Нигериецот. Денеска пак, се појави веста дека за потписот на одличниот напаѓач конкурира и екипата на Арсенал.
Се претпоставува дека сумата за трансфер на Осимен ќе биде од 65 до 75 милиони евра без задолжителни бонуси.