Павлов со сребро се враќа од Светското првенство во Дубаи

Емил Павлов го освои сребрениот медал на Светското првенство во Дубаи откако загуби во финалето во категоријата до 67 килограми од Французинот, Стивен Дакост, на поени со 8-0.

Павлов го оствари најголемиот успех за Македонија на светските првенства и го надмина резултатот на  Жарко Ристовски кој во 2010 година на СП во Белград го освои бронзениот медал.

Павлов на двете европски титули во Тампере 2014 и Нови Сад 2018 година, сега го придодаде среброто од светските првенства. Тој двапати го освојуваше бронзениот медал во Монпелје 2016 и Гвадалахара во 2019 година.