Пандев: Дефинитивно ова е мојата последна сезона

Бившиот капитен на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, во интервју дадено за италијанскиот „Кориере дело Спорт“ потврди дека ова е негова последна сезона во дресот на Џенова и дека на лето ќе стави точка на својата играчка кариера.

„Нема враќање назад, дефинитивно ја играм својата последна сезона. Во иднина не се гледам во улога на тренер, но можеби ќе останам во светот на фудбалот како менаџер или нешто слично“, изјави „Гранде“ Пандев.