Пандев ќе игра за Џенова уште една сезона?!

Поранешниот капитен на Македонија, Горан Пандев повеќе од извесно е дека нема да оди во фудбалска пензија, туку ќе потпише нов едногодишен договор со Џенова и ќе игра во новата сезона во Серија А.

Ова го пренесуваат неколку познати новинари од Италија, меѓу кои и Ди Марцио и Романо. Според нив, преговорите меѓу Пандев и Џенова се во завршна фаза и се очекува да бидат официјално потврдени со нов едногодишен договор.

Пандев се пензионираше од националниот дрес, но остави простор да размисли за тоа дали ќе игра фудбал барем уште една сезона во Џенова, поради тоа што има желба да се повлече од фудбалот со фанови на стадионот.