Пеле во стабилна состојба откако беше вратен на интензивна нега

Легендарниот бразилски фудбалер Пеле е во стабилна состојба откако имаше респираторни проблеми поради кои беше вратен на одделот за интензивна нега, објави болницата во Сао Паоло во коај се опоравува од операцијата за отстранување на тумор на дебелото црево.

Пеле претходно месецов беше опериран и до вторникот беше на интензивна нега, од каде беше пуштен. Но, загриженоста за здравјето на трикратниот светски првак и најдобар фудбалер на сите времиња порасна откако бразилските медиуми објавија дека е вратен на интензивна нега.

Болницата Алберт Ајнштајн, во која Пеле е сместен, издаде соопштение во кое се наведува дека се работеше само за „кратка респираторна нестабилност“ и дека тоа беше само превентивна мерка. Откако состојбата е стабилизирана, Пеле е вратен на одделот за полуинтензивна нега, а неговата кардиоваскуларна состојба е стабилна.