Пелистер и Камјани ќе ја отворат Втората лига со вечерен натпревар

Идниот викенд стартува новата сезона во Втората македонска фудбалска лига, а Пелистер одлучи првиот меч да го игра во вечерен термин.

Пелистер во првото коло е домаќин на Камјани. Клубот денеска информираше дека мечот ќе се игра во недела на 16 август со почеток од 20 часот.

Останатите седум натпревари ќе се играат во сабота со почеток од 17 часот.

Работнички во Маџари ќе го пречека Кожуф, Македонија Ѓорче Петров се среќава со Тетекс, Шкупи ќе игра против Детонит, Осогово гостува кај Беласица во Струмица, Брера е домаќин на Горно Лисиче, а Охрид ќе ги одмери силите со Новаци.