Пике: Тимот беше „скршен“ по заминувањето на Меси

Искусниот дефанзивец на Барселона, Жерар Пике, по синоќешната победа над Јувентус (3-0) на пријателскиот меч во пресрет на новата сезона, јавно проговори за заминувањето на аргентинскиот напаѓач Лионел Меси.

„Тимот беше малку скршен поради заминувањето на Меси. Го загубивме најдобриот играч на сите времиња. Тоа боли и не повреди и нас и него“, изјавил Пике.

Меси вчера на специјална прес-конференција се збогуваше со својот клуб и навивачите, откако Барселона објави дека нема да го обнови договорот со него како резултат на финансиските и структурните пречки наведени во прописите на шпанската лига.