Пиоли: Горд сум на тимот, мојот Милан има карактер

Стефано Пиоли беше презадоволен од најновата победа на „росонерите“ во Серија А. Милан синоќа со 2-1 славеше на гости кај Рома, а Пиоли вели дека овој негов тим има карактер.

„Покажавме карактер, постапивме според нашиот план и замисли. Рома е силен тим. Кога игравме 11 на 11, бевме добри, се обидувавме да постигнеме гол. Таков карактер ни треба на вакви важни натпревари. Сега доживуваме позитивен период. Треба да го возиме овој бран, да бидеме храбри и сигурни во себе. Многу сум среќен“, изјавил Пиоли.