Познати можните противници на Македонија во баражот

Синоќа се одиграа последните натпревари од циклусот на квалификации за учество на Светското фудбалско првенство во Катар 2022.

Репрезентациите на Португалија, Италија,Шкотска, Русија, Шведска и Велс се можните противници на македонската репрезентација во полуфиналето од баражот за Светското првенство. Овие селекции се сместени во групата на носители за ждребувањето за бараж натпреварите.

Во групата не неносители, освен Македонија се наоѓаат и репрезентациите на Полска, Турција, Украина, Австрија и Чешка.

Полуфиналето од баражот се игра во еден натпревар, а домаќини ќе бидат репрезентациите кои се носители. 

Ждрепката за двојките кои ќе се сретнат во баражот ќе се одржи на 26. ноември во 17 часот.

https://twitter.com/EURO2024/status/1460727877637451789?s=20