Порто му го краде Влаховиќ на Бешикташ

И покрај тоа што се чинеше дека трансферот во Бешикташ е готова работа, и дека само Атлетико Мадрид би можел да ги расипе сметките на турскиот тим, српскиот напаѓач Душан Влаховиќ на крајот би можел да заврши во Португалија.
Според последните информации, двократниот европски шампион Порто е силно заинтересиран да го види Србинот во своите редови.
Останува да се види дали понудата на Порто ќе биде подобра од онаа на Бешикташ. Турскиот тим му даде ултиматум на Влаховиќ да се изјасни за 24 часа на понудата, а сега во трката се вклучува и португалскиот гигант, кој би можел одеднаш да стане фаворит за потписот на Србинот.