Почетино: Го заменив Меси за да го заштитам од повреда

Тренерот на ПСЖ, Маурисио Почетино ја појасни ситуацијата околу синоќешната замена на Лионел Меси на натпреварот против Лион, по која аргентинската sвезда се налути и не сакаше да се поздрави со него.

„Решивме да го извадиме Меси за да го заштитиме од можна повреда. Ни претстојат важни натпревари и мора да сме сигурни дека тој ќе биде на линија. Оваа одлука беше за доброто на тимот. Некогаш на играчите им се допаѓаат постапките на тренерот, другпат не. Сите знаат дека имаме одлични фудбалери, така што одговорноста е голема. Разговарав со Меси и тој рече дека е добро. Нема проблем“, објасни Почетино.