Почетино – Тешко е да се биде тренер на толку играчки ѕвезди во еден клуб

Тренерот на Париз Сен Жермен, Маурицио Почетино, зборуваше за тешкотиите со кои се соочува кога работи со играчите кои се „ѕвезди“ во тимот.

„Во ПСЖ секојдневно се соочувам со најдобрите играчи во светот, но и со нивните семејства и навивачи. Не е лесно. Сите даваат свои мислења дека овој или оној играч не се адаптирал, некој друг има пад во формата, а трет има проблем. Голем акцент се дава на личните проблеми на играчите во тимот? Дали другите членови на клубот немаат проблеми? Освен проблемите сите ние имаме и обврски“, изјави Почетино за „Марка“.

Според аргентинскиот тренер, играчите во клубот треба да бараат рамнотежа во животот и фудбалот.

„Околината која ги опкружува често ги тера играчите да веруваат дека немаат никакви обврски. Кога рамнотежата е нарушена, работите почнуваат да тргнуваат наопаку“, рече тој.

По 13 кола во шампионатот на Франција, екипата на ПСЖ со 34 бодови е лидер на табелата.