Почина легендата на југословенскиот фудбал Милан Живадиновиќ

Вчера на 77-годишна возраст почина поранешниот југословенски селектор и српска тренерска легенда, Милан Живадиновиќ.

Живадиновиќ беше тренер на Црвена звезда и на екипи како Будуќност, ОФК Београд, Приштина, Раднички Ниш, Сутјеска, Рад, Нови Сад, Спартак, турскиот Сакаријаспор и во кувајтскиот Ал Шабаб. 

Во 1998 година беше селектор на репрезентацијата на поранешна СР Југославија, а беше предводник и на селекциите на Ирак, Јемен, Гана и Мјанмар. 

Играчката кариера ја мина во екипите на Црвена звезда, Челик, Слобода, Риека, Црвенка и германскиот Судвест, а во периодот помеѓу 1963 и 1965 го носеше дресот на Вардар.