Прволигашите убедливи на стартот на Купот на Македонија

Денес се одиграа четири натпревар од 1/16 финалето во Купот на Македонија. Според очекувањата фаворитите забележаа убедливи победи и ја продолжуваат трката за трофејот.

Пелистер го совлада Студеничани со 6-1. Битолчани поведоа преку Марко Стоилевски во 11 минута, три минути подоцна Петар Љамчевски зголеми на 2-0, а во 18 минута, Алек Сиваков беше стрелец на третиот погодок за гостите.

Во 30. минута Фуркан Ќани намали на 3-1, а веќе во 34 минута Кире Стојанов му носи предност на Пелистер од 4-1. Во продолжението од натпреварот тимот од Битола постигна уште два гола.

Во 84 минута Мартин Талевски и Јаков Пресилски во 86 минута се запишаа меѓу стрелците за конечни 6-1.

Струга Трим Лум триумфираше над Победа Валандово со 10-1. Серијата голови ја отвори Флоријан Рочи уште во втората минута. Шеесетина секунди подоцна Алтин Алији зголеми на 2-0, а во 12 минута Рочи по втор пат се запиша меѓу стрелците.

Истиот играч во 25 минута зголеми на 4-0, во 32 минута Даниел Кехинде донесе предност од 5-0. Шестиот гол беше дело на Алији во 41 минута од натпреварот, а во последната минута од првото полувреме Рочи по четврти пат ја погоди мрежата на противникот за водство од 7-0.

Во 57 минута Арби Воша и донесе водство на Струга ТЛ од 8-0, а две минути подоцна Елдан Шата го постигна единствениот гол за Победа. До крајот на натпреварот Стружани беа прецизни уште два пати, а стрелци се Агон Демири во 65-та и Кехинде во 79 минута.

АП Брера на гостувањето во Неготино го совлада Венец од Долни Дисан со 8-0. Четири пати во листата на стрелците се запиша Матеј Сејменов и тоа 13, 22, 47 и 63. минута. Игор Ристов беше прецизен во 20 минута, а 12 минути подоцна погодок постигна Марио Митрев. Во самата завршница од натпреварот во 86 и 87 минута противничкиот голман го совлада Глигор Бучков.