Проблеми за Гвардиола пред Лигата на шампиони

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, ќе треба да донесе одлука во последен момент за тоа дали Габриел Жезус и голманот Едерсон, ќе настапат во вторник на натреварот против Бриж од Лигата на шампионите.

Двата бразилски играчи не настапија за Сити во победата над Барнли во Премиер лигата кој се играше во саботата, поради нивниот настап за репрезентацијата на Бразил против Уругвај. Поради овие причини од Манчестер Сити одлучија двата играчи да слетаат директно во Белгија пред натпреварот од Лигата на шампиони.“Во моментов двајцата се во Белгија. Ме известија дека можат да играат, но ќе треба да видиме како се чувствуваат. Ги испративме таму затоа што ден по натпреварот со Бриж, тие можат да се вратат со нас и да имаат нормален живот. Ако се вратеа директно од Бразил во Манчестер, ќе беа изолирани во хотел и ние не го сакавме тоа. Затоа отпатуваа за Белгија. Можеби ќе можат да играат и тоа е добра вест “, изјави Пеп Гвардиола за клубскиот веб сајт.