Пропадна трансферот на Сузуки во ПСЖ

Сѐ беше договорено, требаше само Зион Сузуки да отпатува во Париз, да ги мине медицинските прегледи и да го потпише договорот со ПСЖ, но трансферот пропадна.
Трите страни, Парма, ПСЖ и Сузуки, имаа вербален договор. Францускиот клуб прати приватен авион за да го земе голманот во Париз каде требаше да биде комплетиран трансферот.
Но, тогаш од таборот на Сузуки побараа поголема провизија, повеќе пари отколку што беше договорено.
ПСЖ на ваквото алчно однесување рече НЕ, по што трансферот пропадна. Сузуки нема да потпише за европскиот шампион.
Се шпекулира дека негова следна дестинација може да биде Астон Вила.