ПСЖ го понудил Нејмар во Јуве

Нејмар би можел да му се приклучи на Јувентус, објави „Калчомеркато“. Новиот спортски директор на ПСЖ, Луис Кампос, стапил во контакт со раководството на клубот од Торино и му понудил да го ангажира 30-годишниот фудбалер.

Се истакнува дека ПСЖ е подготвен да плати дел од платата на Бразилецот. Францускиот клуб сака да го олесни платниот список и да се раздели со некои од своите скапи играчи. Нејмар кој има плата од околу 50 милиони евра по сезона е еден од кандидатите за трансфер. Сепак, играчот му порача на клубот дека не планира да си замине.

30-годишниот Нејмар игра за ПСЖ од 2017 година, откако дојде од Барселона за рекордни 222 милиони евра. Неговиот договор со ПСЖ е до 2025 година. Бразилецот минатата сезона во Лига 1 на 22 натпревари постигна 13 гола и направи 6 асистенции.