ПСЖ се вклучи во трката по Хулијан Алварез

Хулијан Алварес повторно е во центарот на вниманието на европските гиганти, а неговата иднина би можела да донесе нова голема трансфер-сапуница.

Аргентинскиот напаѓач подолго време се поврзува со Барселона, која го смета за една од своите големи желби.

Интерес постоеше и од Арсенал, но ниту еден од двата клуба летово не направи конкретен чекор за негов ангажман.

Алварес остана во Атлетико Мадрид, но според информациите од Шпанија, сега во трката се вклучува и ПСЖ.