Пулишиќ се сели од Челзи во Јувентус?

Италијанскиот Калчомеркато пренесува дека фудбалскиот клуб Јувентус започнал преговори со менаџерот на Кристијан Пулишиќ за негов трансфер од Челзи.

24-годишниот американски репрезентативец е расоложен за преселба во Италија, бидејќи не е задоволен од неговиот статус во клубот од Стенфорд Бриџ. Цената која би ја платиле челниците на Јувентус би изнесувала околу 42 милиони евра.

Пулишиќ го носи дресот на Челзи од 2019 година каде за 64 милиони евра пристигна од Борусија Дортмунд, а неговиот договор со клубот од Лондон истекува во 2024 година.