Пјеро Аусилио си заминува од Интер

Интер официјално објави дека Пиеро Аузилио повеќе не е спортски директор на клубот. По речиси 28 години поминати во „нероаѕурите“, двете страни постигнаа договор за прекин на соработката, со што завршува една од најдолгите приказни во современата историја на италијанскиот гигант.

Аузилио имаше договор со Интер до летото 2027 година, но во последниот период дошло до несогласување околу продолжувањето на соработката. Според информациите од Италија, тој сакал нов договор во траење од три години, односно варијанта 1+2, додека клубот му понудил продолжување за само една сезона. Поради тоа, разделбата доаѓа порано од првично планираното.

И покрај различните ставови околу иднината, разделбата минала без конфликт. Интер веднаш го реши и прашањето околу наследникот, па Дарио Бачин е унапреден на функцијата и ќе ја преземе улогата на главен спортски директор.

Претседателот и извршен директор на клубот, Џузепе Марота, му с