Работнички претстави десет нови имиња пред стартот на Втората лига

Утре стартува новата сезона во Втората македонска фудбалска лига, а Работнички е меѓу тимовите кои ќе атакуваат на највисок пласман и враќање во елитното друштво.

Клубот од Дебар Маало има јасна амбиција – експресно да се врати во Првата лига, па раководството во текот на летниот преоден рок работеше на формирање на конкурентен состав.

Работнички досега ангажираше десет нови фудбалери, со кои ќе се обиде да ги исполни поставените цели. Нови членови на тимот се Дамјан Спасовски, Андреј Кудијан, Христијан Пецов, Виктор Серафимовски, Христијан Митровски, Христијан Поп-Антоски, Давид Манасиевски, Александар Богданоски, Амар Хаџибулиќ и Мартин Мисердовски.

Сепак, трансфер-активностите на Работнички не мора да завршат тука. Од клубот оставаат отворена можност за дополнително засилување до затворањето на преодниот рок.