Разбојници ја опустошиле куќата на Дибала

Пауло Дибала стана жртва на разбојниците. Тие влегле во куќата на Аргентинецот, која се наоѓа во предградието на Торино.

Според „Газета дело Спорт“, разбојниците скршиле прозорец на првиот кат, но чуварот ги забележал и го вклучил алармот. Натрапниците успеале да побегнат и да одземат вредни предмети со неутврдена вредност. Објавено е дека е можно меѓу украдените предмети да биде и колекцијата на скапи часовници на Дибала.

Да потсетиме дека Јувентус во натпреварот од третото коло од групната фаза на Лигата на шампионите на гости го победи Зенит со резултат 1-0. Стрелец на единствениот гол беше Дејан Кулушевски во 86. минута од средбата. Дибала не можеше да учествува на натпреварот поради повреда. Пауло Дибала оваа сезона одигра 6 натпревари за Јувентус во сите натпреварувања, постигна 3 гола и две асистенции.